четврток, 12 март 2026

„Има помош за живот без насилство“ – превентивна кампања на МВР за зголемување на јавната свест

Целта на кампањата е спроведување на превентивни активности, насочени кон информирање на граѓаните за механизмите за пријавување на насилство, поттикнување на навремено реагирање и рана интервенција, заштита на ранливите категории граѓани, како и унапредување на меѓуинституционалната соработка и подигнување на јавната свест за превенција и заштита од родово базирано и семејно насилство, информираа од МВР.

Објавено на

часот

Сподели

Од февруари почнаа активности што во текот на март прераснаа во кампања посветена на жената, за превенција и заштита од родово базирано и семејно насилство, под мотото „Има помош за живот без насилство“. Станува збор за иницијатива на Секторот за полициски работи од општа надлежност – Оддел за униформирана полиција, а во координација со одделенијата за превенција, одделенијата за полиција и одделенијата за криминалистичка полиција при секторите за внатрешни работи, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи.

– Целта на кампањата е спроведување на превентивни активности, насочени кон информирање на граѓаните за механизмите за пријавување на насилство, поттикнување на навремено реагирање и рана интервенција, заштита на ранливите категории граѓани, како и унапредување на меѓуинституционалната соработка и подигнување на јавната свест за превенција и заштита од родово базирано и семејно насилство, информираа од МВР.

Во рамки на кампањата се реализираат повеќе превентивни активности, меѓу нив дистрибуција на информативни и едукативни печатени материјали, поставување постери на јавни и фреквентни места, организирање јавни трибини и тркалезни маси со претставници на институции и локалната заедница, како и спроведување информативни разговори со граѓани со цел нивно информирање за начините на препознавање и пријавување на насилството, како и за механизмите за заштита.

– Со спроведувањето на овие активности, Министерството за внатрешни работи продолжува со проактивен пристап во превенцијата и сузбивањето на родово базираното и семејното насилство, со посебен акцент на заштитата на жртвите, јакнење на довербата на граѓаните во институциите и создавање побезбедна и посигурна заедница за сите граѓани, истакнаа од МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ