понеделник, 9 февруари 2026

„Илинден“-Тирана апелира, Општина Пустец итно да побара изземање од планот за отворање центри за мигранти

Македонското друштво „Илинден“-Тирана апелира до општина Пустец, како што соопштува, „итно да побара од Владата во Тирана, изземање на Општина Пустец од државниот план за отворање центри за мигранти и да застане во заштита на интересите, безбедноста и иднината на своите граѓани“.

Објавено на

часот

Сподели

Во соопштението, „Илинден“ наведува дека „остро се спротивставува на отворањето мигрантски центри на територијата на општина Пустец, во административната единица Зрноско и на спортските игралишта во Пустец и во селото Долна Горица“.

„Сметаме дека ваквата одлука е донесена без претходна консултација со локалното население, без организирање јавна расправа и без почитување на правата и интересите на Македонците во општина Пустец. Како друштво нема да молчиме пред одлуки кои се носат на штета на автохтоното македонско население во општина Пустец и ќе продолжиме јавно, доследно и одлучно да ги брани нивните права“, пишува во соопштението, потпишано од претседателот на МД „Илинден“ – Тирана Никола Ѓурѓај.

Против изградба на прифатни центри за мигранти на територијата на Општина Пустец, реагираа МД „Илинден“-Тирана, здружението „ВМРО ДПМНЕ – Албанија“ и Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), која поднесе и тужба до Управниот суд во Тирана против Владата на Албанија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ