среда, 11 јуни 2025

ИЈЗ: За првпат во Македонија мајмунски сипаници, заразени се две лица во Скопје

Во ЈЗУ Институт за јавно здравје од Клиниката за кожни болести денеска беа упатени двајца пациенти сомнителни дека имаат мајмунски сипаници (Monkeypox). Институтот изврши лабораториски испитувања на 3 различни начини со што лабораториски се потврдија два случаи на мајмунски сипаници.

Објавено на

часот

Сподели

„Бидејки за првпат во нашата држава се лабораториски потврдени мајмунски сипаници, после добиените резултати веднаш се реагираше брзо, се преземаат соодветни мерки и се известија надлежните институции, Министерството за здравство, Клиниката за кожни болести, Инфективна клиника и др.
Согласно протоколите по добиеното известување, докторот кој ги примил пациентите ги информира пациентите за добиените резултати. Потоа следи епидемиолошка анкета од страна на епидемиолози од Институтот за јавно здравје.
Стручни лица епидемиолози од ИЈЗ се вратени на работа и пристапија кон епидемиолошко анкетирање на двете лица, за да се добијат податоци за понатамошно постапување. Анкетата е сѐ уште во тек.
Ќе биде препорачано на позитивните пациенти да се јават на Инфективна клиника.
Институтот за јавно здравје ќе продолжи да ја следи состојбата.
Во моментов нема простор за паника, бидејќи брзо и навремено институционално
се преземаат сите потребни мерки.
Вечерва се мобилизирани сите институционални капацитети за надминување на
последиците од ваквата појава и се преземаат сите превентивни мерки. Во текот
на утрешниот ден ќе следат подетални информации за јавноста“, соопшти Институт за јавно здравје.

Мајнунски сипаници е заразна болест на животните и луѓето, која се одликува со треска, општо труење и појава на егзантема. Се работи за вирусна болест што се пренесува од животни на луѓе, но може да се пренесе и од човек на човек. Иако не постои вакцина конкретно за мајмунски сипаници, вакцините против големи сипаници се покажале како успешни. Ризикот за пренос во секојдневни услови (како случаен контакт) е мал, освен ако нема директен и продолжен контакт или преку телесни течности. Во повеќето случаи, мајмунските сипаници не се смртоносни. Први симптоми се главоболка, ненадејно зголемување на телесната температура за повеќе од 38 степени, зголемени лимфни јазли, болка во мускулите и телото, болка во грбот… За повеќето здрави луѓе, болеста поминува во рок од 2-4 недели без сериозни компликации.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ