„Како што претходно известивме за резултатите од мостри од храна и работни површини од истоименото училиште, најдени се фекални бактерии ‘enterobacteriaceа’ во мусаката и на неколку површини од кујната и училиштето кои укажуваат на нехигиена во училиштето и кујната. Од добиените седум примероци на биолошки материјал кои ги имаме примено во Институтот за јавно здравје од деца кои јавиле симптоми, шест се позитивни на ‘norovirus’ “, се посочува во соопштението од ИЈЗ.
Во текот на викендот, приправни и дежурни екипи од ИЈЗ се на работа и ги анализираат добиените мостри, како и биолошки материјали добиени претходните денови од училиштата, сè со цел брзо,точно и ефикасно справување со ситуацијата.
За дополнително пристигнатите мостри од другите девет училишта, ИЈЗ ќе информира во понеделник.
„ИЈЗ е во постојана комуникација со другите надлежни институтиции и за сите дополнителни инфромацвии ќе ја информира јавноста“, се наведува во соопштението од ИЈЗ.






