понеделник, 14 јули 2025

ИЈЗ: Детството е неприкосновено право и никогаш не смее да биде жртвувано за профит, сиромаштија или негрижа

Секој 12 јуни светот се обединува во борбата против една од најболните и најнеправедни појави во современото општество – злоупотребата на детскиот труд. Светскиот ден против злоупотреба на детскиот труд не е само уште еден ден во календарот. Тој е потсетување дека детството е неприкосновено право и дека никогаш не смее да биде жртвувано за профит, сиромаштија или негрижа. Овој ден е и повик за акција – не само за институциите, туку за сите нас како општество. Да не заборавиме дека секое дете заслужува љубов, образование, игра и сигурна иднина, се наведува во соопштението на Институтот за јавно здравје, објавено денеска на неговата веб-страница.

Објавено на

часот

Сподели

За да се справат со овој проблем, како што се додава во соопштението, експертите препорачуваат пристојна работа за возрасни: обезбедување фер можности за вработување за намалување на економската потреба од детски труд, подобрена социјална заштита: имплементација на робусни мрежи за социјална сигурност за поддршка на ранливите семејства, пристап до квалитетно образование: обезбедување пристап до образование за сите деца, со што се намалува веројатноста за детски труд, справување со основните причини: справување со системски проблеми како што се сиромаштијата, нееднаквоста и недостатокот на пристап до услуги.

Според последните податоци на МОТ и УНИЦЕФ, се додава, повеќе од 160 милиони деца ширум светот се вклучени во некаков облик на труд, а повеќе од половината од нив се изложени на особено опасни услови.

„Тоа значи дека секое десетто дете на планетата не ужива во своето детство. Наместо книги, нивните раце држат алат. Наместо во училница, тие се наоѓаат на полиња, во рудници, на улици или во фабрики. Овие деца се лишени од основното право на безбедно детство и образование“, се истакнува во соопштението.

Мотото на Светскиот ден против злоупотреба на детскиот труд за 2025 година е „Напредокот е очигледен, но, има уште многу да се направи: да ги забрзаме напорите!“.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ