понеделник, 8 декември 2025

ИЈЗ: Да се избегнува контакт со исцедокот на отпадот и затворање на капаците на кантите без заштита

Епидемиолошката состојба во Скопје е стабилна, но се препорачува одржување на лична хигиена при ракување со отпад како што е користење на ракавици, маска, миење раце, дезинфицирање, совесно одлагање на отпадот во контејнери и избегнување на нелегални депонии како и затворање на капаците на кантите и избегнување физички контакт со отпадот и исцедокот, е препораката на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) кој е дел од интеринституционалната работна група за справување со актуелната состојба со отпадот во Скопје. Во групата се вклучени Институтот за јавно здравје, МВР Скопје, Државниот комунален инспекторат, Државниот инспекторат за животна средина и ДСЗУ. Од Министерството за здравство пак, информира за усвоените препораки и мерки од ИЈЗ.

Објавено на

часот

Сподели

Директорката на ИЈЗ Марија Андоновска информираше дека Институтот изготвил стручно мислење кое денеска е предадено до надлежните институции. Покрај тоа, се препорачани и конкретни мерки и активности насочени кон државните институции, граѓаните и работниците кои имаат директен контакт со отпадот.

Eпидемиологот Драган Кучински информираше дека се изготвени конкретни предлог-мерки за справување со здравствените ризици поврзани со отпадот. Мерките се поделени во две категории, за општото население и за надлежните институции.

„Најважни се мерките за лична и колективна хигиена – често миење и дезинфекција на рацете, користење ракавици при одлагање отпад, како и строго почитување на местата предвидени за одлагање, како што се контејнерите“, порача Кучински.

Тој апелираше граѓаните да не создаваат диви депонии, кои дополнително ја загадуваат животната средина, и да внимаваат на правилно управување со домашниот отпад.

Во однос на институциите, Кучински нагласи дека е неопходна заштита на работниците кои го собираат отпадот преку користење лична заштитна опрема и редовна вакцинација. Меѓу предложените мерки се и итно собирање на насобраниот отпад, дезинфекција, дезинсекција и дератизација според епидемиолошки индикации.

„Редовното собирање на отпадот, особено во погусто населените места, треба да се врши најмалку еднаш дневно, а во останатите области според планот на комуналните претпријатија“, додаде тој.

Кучински истакна и потребата од едукација на населението за селекција на отпадот, како и можноста за наградување на граѓаните кои активно придонесуваат во процесот. Вклучувањето на локалните заедници во решавањето на проблемот со отпадот е, според него, од суштинско значење.

Нагласувајќи ја потребата од системски пристап во справувањето со отпадот проф. д-р Мирјана Димовска рече дека целта на мерките, препораките и активности е заштита на јавното здравје, со фокус на целокупното население, а особено на ранливите групи како што се децата, болните и бремените жени.

Таа апелираше до надлежните институции да постапуваат согласно законските обврски и да спречат поставување контејнери во близина на здравствени установи, училишта и други објекти каде што се бараат високи хигиенски стандарди.

„Искуството од епидемијата на жолтица во Штип покажа дека поставувањето на контејнери пред училишта е ризик. Затоа, апелирам до директорите на училиштата да постават визуелни упатства за правилно миење на рацете, адаптирани за возраста на учениците“, истакна Димовска.

Таа предложи поставување дезинфекциони бариери пред домовите, со цел да се спречи внесување на нечистотија преку обувките.

„Мерките се колективни, но и индивидуални – секој од нас има одговорност“, додаде таа.

Како клучна мерка, Димовска ја истакна потребата од воведување на примарна селекција на отпадот во домаќинствата, прво волонтерски, а потоа и законски облигаторно.

„Органскиот и неорганскиот отпад не смеат да се мешаат, бидејќи тоа создава исцедок кој е потенцијален извор на зарази“, предупреди таа.

Професорката заклучи дека е неопходно интегрирано управување со отпадот, со јасно дефинирани обврски за комуналните претпријатија, кои треба да ја спроведуваат секундарната селекција и да воспостават систем кој ќе го намали ризикот по здравјето на граѓаните.

Како итни мерки Институтот ги нагласува брзото отстранување на расфрланиот отпад со сите расположливи ресурси, приоритетно чистење околу болници, училишта, паркови и игралишта, вонредна дезинфекција, дератизација и дезинсекција на критичните локации, редовно празнење на контејнерите, минимум еднаш дневно во густо населени делови, заштита на работниците со лична заштитна опрема и задолжителна вакцинација и засилен епидемиолошки надзор за заразни заболувања и јавна едукација за ризиците.

Во однос на долгорочните мерки ИЈЗ препорачува воспоставување интегриран систем за управување со отпад, редовно чистење, селекција и рециклирање, како и воведување казнени мерки за несовесно одлагање.

ИЈЗ појаснуваат дека во препораките се вклучени и посебните групи вклучително и работниците коишто се професионално изложен и на овој ризик.

„Оттаму излезе таа препорака дека тие мора редовно да се вакцинираат, да исполнуваат законската обврска за редовна вакцинација од болести коишто меѓу другото се од интерес и овој случај, а особено хепатит А и хепатит Б и други заболувања коишто би можеле да ги добијат на овој начин“, истакниваат од ИЈЗ.

Апелираат носење на маски затоа што, како штпо нагласуваат, овој проблем е мултидисциплиниран не е само проблемот со заразните бактериолошки вируси и паразити туку има емисии на хемикалии, емисии на мириси и други гасови коишто не мирисаат, а се многу токсични.

Од Министерството за здравство пак, информира за усвоените препораки и мерки од ИЈЗ.

Од ИЈЗ до населението препорачуваат да се одржува лична хигиена (користење на ракавици, маска, миење раце, користење дезинфициенс за раце после фрлање на отпад), совесно да се одлага отпадот (во контејнерите, кабастиот отпад на соодветен начин а не во контејнерите и сл.), внимателно да се ракува, селектира, собира и фрла отпадот. ракување, селектирање, собирање и фрлање на отпадот, затварање на капаците на кантите при фрлање на отпадот, да се избегнува физички незаштитен контакт со отпадот, да се избегнува стагнирана (застоена) вода и исцедок од отпадот;
Внимание при излегување со домашни миленици да не дојдат во допир со отпадот и исцедок од истиот, да не се фрла отпад надвор од одбележаните места за собирање на истиот, да не се фрла отпад на нелегални депонии и да се заштитат и да се намали штетната изложеност на сите работници кои доаѓаат во контакт со отпадот (да се користи опрема за лична заштита).

Што се однесува до мерките, од ИЈЗ предлагаат непосредни, брзи и акутни марки како и долгорочни мерки.

Од брзите мерки тука спаѓаат, итно и неодложно отстранување на одложениот и расфрлан отпад во и надвор од контејнерите со сите расположиви технички, човечки и финансиски ресурси, итна мобилизација за собирање и отстранување на најголемите купишта во населени места со најголема изложеност; приоритет: болници, домови за стари лица, основни и средни училишта, паркови и игралишта, итно, вонредно испирање, дератизација, дезинфекција и дезинсекција на местата со расфрлан отпад и контејнерите, каде не е можно ова, да се постават физички времени бариери (мрежи) за да се спречи пристапот на глодари и улични животни, да се дислоцираат контејнерите – подалеку од почести патеки на движење на луѓето и особено подалеку од детски игралишта, училишта, градински или здравствени институции, редовен транспорт и празнење на контејнерите (минимум еднаш дневно во погусто населените делови од градот), задолжително затворање на капаците на контејнерите, итна набавка на потребната опрема особено соодветен број на контејнери (механизација во континуитет), заштита и намалување на штетната изложеност на сите работници кои доаѓаат во контакт со отпадот (опрема за лична заштита) вклучително и задолжителна вакцинација; тренинг за правилно ракување и известување за повреди, интензивен надзор за заразни заболувања: засилено пријавување со епидемиолошко истражување (фокус на дијареи, случаи на лептоспироза, хоспитализирани пациенти со зоонози и слично), едукација на населението за здравствените ризици поврзани со овој проблем и препознавање на симптомите поврзани со истото, јавна комуникација, предупредувања и практични совети до граѓаните (лична и колективна хигиена, како да ја чуваат храната, да избегнуваат стагнирана вода, да избегнуваат физички контакт со отпадот или исцедокот, како да пријавуваат нелегални депонии).

Од долгорочните мерки од ИЈЗ ги издвојуваат интегриран систем за управување со комунален отпад (редовно отстранување, навремена набавка на потребна опрема, контејнери и механизација), имплементација на систем за управување со цврст отпад преку смалување, повторна употреба, рециклирање и регенерација, постојана едукација на населението за примарна селекција на отпадот, во најмала рака на органски и неоргански отпад и совесно одлагање на отпадот (во контејнерите, кабастиот отпад на соодветен начин а не во контејнерите и сл.), образовни програми за граѓаните и вклучување на локалните заедници во решавање на проблемот (на пример, механизми наградување за селекција/откуп) како и контролни и регулаторни политики – казнување за несовесно одлагање на отпадот, чести локални инспекции, програми за често и редовно чистење на јавните простори и улици (прво механичко отстранување на отпадот со метење, потоа миење).

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ