понеделник, 9 март 2026

Игновски: Прскалките што ДНК ги користеле на настапот во Пулс биле за надворешна употреба

Сведокот Горан Игновски, кој повеќе од 34 години работи со продажба и сервис на опрема за изнајмување за настани, озвучување, осветлување и сценски ефкети, на денешното судење во судницата во Идризово, изјави дека година и половина пред трагичниот настан во дискотеката Пулс во Кочани им продал опрема (бокс за далечинска активација) и прскалки на Панчо и на уште еден член од групата ДНК.

Објавено на

часот

Сподели

Сведокот, кој е сопственик на фирмата „Чкаља“ ДООЕЛ во Кисела Вода, а сега веќе и на бренд „Е-аудио“, одговарајќи на прашања од јавниот обвинител, рече дека го познава Панчо, кој пред околу три години има купено куферче за далечинска активација, а на член на ДНК, кој подоцна дознал дека се вика Буцо, му продал осум патрони за топли фонтани.

Игновски рече дека куферчињата ги продвал легално во продавнца, а топли прскалки никогаш не продавал бидејќи биле потребни многу дозволи. Година и половина пред критичниот настан лично од Бугарија со автомобил донел околу 100 топли прскалки „тропик“, за кои рече дека повеќе биле за демонстрација на клиентите за куферчињата, како и дека осум такви им продал на ДНК.

Прашан зошто смета дека прскалките што им ги продал тогаш на ДНК не се тие што се употребени и во дискотеката „Пулс“, со оглед дека се пронајдени остатоци од прскалки од истата фирма, сведокот рече дека ДНК од тогаш до трагичниот настан на секој настап користеле прскалки, што значи дека од тогаш употребиле повеќе од 100 до 200 прскалки.

„Јас доставив слики од видеа и фотографии од настани на ДНК. Во изминатите година и половина имаат потрошени 100-200 прскалки за настаните. Значи на секој настан користеле прскалки. Плус, јас немам ниту продадено на некој, ниту ме контактирал некој, појасни сведокот, нагласувајќи дека тие што тој го донел се прскалки од два метри за внатрешна употреба.

Пред трагедијата во Кочани, на настап во Гевгелија, во дискотека „Де факто“ ДНК, како што рече сведокот, се запалиле платно и звучници, со истите прскалки и истото шоу.

Игновски, во својот исказ нагласи дека продаваат бикови, лед фарови, машини за конфети, чадни машини, ладни фонтани, прскалки на прашок…сѐ што се користи за свадби и други настани.

„Досега сопственик на ресторан многу ретко купил таква работа, најчесто изведувачите сами си прават за сценски настап“, изјави сведокот, појаснувајќи дека топлите фонтани работат на барут и се со истиот состав како и прскалките на детските торти.

Игновски, појасни дека има топли фонтани за внатре и за надвор со разни големини од метар, два и три метри и појасни како се користат, нагласувајќи дека топлите прскалки ако ги допрете ќе ве изгорат, а ладните и рака да ставите нема да ве изгори.

„Се става патрон. Се става на стенд бај, нема никој да го забележи и можете кога сакате да го активирате. Тие се многу мали и дискретни. Ладните фонтани се големи кутии и доста се видливи на сцена. Релативно се многу поисплатливи да се користат, но уредот е поскап да се купи, и затоа кај нас повеќе се користат топли фонтани“, изјави сведокот.

Куферчиња за активирање на фонтани, како и други работи како балони, прашок и топли фонтани, продавале легално со декларација увезени од Кина, по цена од 150 евра една. Според сведокот ладните прскалки на прашак се 500 евра, а за да се направи ефект треба да се купат четири и е многу поскапо, поради што многу помалку се користат.

„Куферчињата што ги продававме беа со осум бази и два далечински управувачи. Постојат и со 12 и со четири бази. Процесот на активација е следниот, се става прксачката во уредот и батерија внатре и на стенд бај позиција. Отприлика може да се активира на 50 до 150 метри далечина. Патрони има за метар, два и три метри и тој што го користи треба да знае дека има за внатрешна и надворешна употреба. Тие за надвор се помалку запалливи. Полнењето е барут со магнезиум и алуминиум прашина. Буквално исти како тие за торти, само што се тие помали до 30 сантиметри и помал домет“, изјави сведокот.

Иганатовски рече дека го познава Панчо, кој пред три години купил куферче, а после тоа се јавил друг „дечко“ за да купат патрони и прскалки.

„Пред три години куферче купи Панчо, а после неколку дена се јави дечко што пелтечеше, за кого потоа дознав дека се вика Буцо. Дојде ги зема и тоа беше. Тоа беше одамна и после тоа не се јавија да купат“, изјави сведокот.

Топли прскалки Игантовски рече има лично донесено од Бугарија, 50-100 парчиња купени на пазар, а увезени од фирмата „Тропик“.

„Тоа е сѐ што сум имал и продлал. Тоа е неисплатливо, а не можам и да се борам со конкуренција што може да се купи на Бит пазар или онлајн и да ви стигне на адреса“, изјави сведокот.

Тоа, рече сведокот, било најмалку една година и половина пред трагичниот настан.

„Јас еднаш ги донесов со кола и ги продадов по 500 денари една, пред три години. Материјална трага нема. Повеќе ги земав за демонстрација на куферчињата, но не сме ги продавале“, изјави сведокот.

Прашан дали имал некаква соработка со дискотеката „Пулс“, сведокот рече дека немал, „ниту знае каде е и ниту бил таму“.

Прашан за прскалките што биле користени во „Пулс“, Иганатовски рече дека врз основа на тоа што го видел од видеата дометот на прскалките што се користеле вечерта се со повеќе од три метри.

„Да користеле од два метри или метар и половина немало да има проблем. Такви има само на Бит пазар. Тоа што јас сум донел се прскалки од два метри за внатрешна употреба“, нагласи сведокот, појаснувајќи дека на самите прскалки пишува кој е дометот и дали е за внатрешна или за надворешна употреба.

Седокот рече не го познава Денис Даутовски, кој, на претходните рочишта сведоците го посочија како лице кое рекло дека ДНК ја набавувале опремата од некоја продавница во Кисела Вода, но не знае која точно.

По случката во Кочани, Игновски престанал со продажба на такви боксови, а му останале две на лагер. Едната ѝ ја предал на полицијата по настанот.

„Такви сме продале десетина, 15 парчиња максимум. Прскалки не сум носел затоа што немам како да ги продадам во продавницата легално. Имам ладни фонтани и муштерии што ги купуваат, зошто би ризикувал фирма за 100 денари прскалка“, изјави Игновски.

На прашања од бранителката на првообвинет, Дејан Јованов, адвокатката Ивана Коцева, сведокот потврди дека топлите фонтани ги набавил нелегално од Бугарија од фирмата „Тропик“ и дека му ги продавал на Панчо.

На прашањето дали сопственикот на објектот Дејан Јованов, или неговиот син, побарале да купат прскалки, тој одговори негативно.

„Не го познавам човекот, ниту пак неговиот син“, рече сведокот.

На прашање од одбраната на Митко Стојанов, во врска со прашањето што се случило со остатокот од прскалките, рече дека често ги продавал и за свадби и за само еден месец откако ги купил, истите ги продал.

Во врска со прашањето дали после пожарот во Гевгелија, ДНК продолжиле да ги користат прскалките, тој одговори потврдно.

„Тие никогаш не престанале да ги користат, нон-стоп по фејсбук има“, рече сведокот.

На прашање од бранителот Огнен Ѓорѓиев дали во последните три, четири години некој му извршил контрола за продавање на уреди за пиротехника, Игновски одговори негативно.

„Не, веројатно затоа што имам друга примарна дејност, озвучување и осветлување“, рече тој.

На прашања во врска со тоа дали кога се купуваат прскалките доаѓаат со упатство за употреба, одговори дека би требало да има на самата амбалажа, но дека не прочитал.

Потврди дека на прскалките постои знак за опасност, предупредување.

Бранителката на обвинетите од Министерството за економија побара во забелешка да бисе ставено „кој треба повеќе да е на обивнитлена клупа, обвинетите од министерството што издале лиценци во 2011 година, или овој сведок кој што криумчарел пиротхеника, на црно ја држел во неговата продавница, ја продавал и ставил на располагање општо опасно средство од кое загинале сите овие луѓе?“.

На ова, обвинителот одговори дека не треба да се дозволат овие забелешки и посочи дека, како што рече „луѓето не загинаа од активација на пожар, туку од што немале каде да избегаат“.

На прашање од бранителот на обвинетиот од Пазарниот инспекторат, дали со нелегална пиротехника ДНК го запали Пулс, одговори да.

На прашање од судот дали лицето кое доаѓало да купува пиротехника во времето додека продавал, било потребно да поседува некоја лиценца или дозовла за користење, Игновски рече дека тој не ги продавал за да бара дозовла.

„Прво, ние не сме ги продавале леглано за да побараме дозвола. Јас го услужив Панчо, осум прскалки, и тоа е тоа“, рече сведокот.

Судењето продолжи со сослушување на сведоци на предлог на обвинителството.

Судењето го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а Обвинителството го застапува тим од 15 јавни обвинители.

Пожарот во дискотеката во Кочани избувна на 16 март 2025 година за време на настап на групата ДНК и претставува една од најтешките трагедии во поновата историја на земјата. Починаа 63 луѓе, а повеќе од 200 беа повредени.

МИА

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ