„Кога станува збор за ВМРО-ДПМНЕ би можела да констатирам дека оние вредности кои се препознаваат како константа во идеолошката платформа во ВМРО-ДПМНЕ низ сите овие години на нејзиното делување се, пред се патриотизмот, заштитата на македонскиот идентитет, афирмацијата на македонскиот јазик, нашето културно наследство, негување на традиционалните духовни но и семејни вредности и стремеж кон државноста и независноста на Македонија“, истакна поранешната министерка за култура од ВМРО-ДПМНЕ, Ганка Цветанова.
Цветанова објасни дека ВМРО-ДПМНЕ е заштитник и борец за македонскиот идентитет и македонските национални интереси.
„Ова се вредности кои нас не дефинираат како народ и како држава, ова се вредности кои се исклучително значајни за опстанокот и достоинството на една нација, и вредности кои се носители на нашата колективна меморија, во таа смисла сметам и најодговорно тврдам дека ВМРО-ДПМНЕ е заштитник и борец за македонскиот национален идентитет и македонските национални интереси“, рече Цветанова.
Мане Јаковлевски рече дека Владата предводена од премиерот Христијан Мицкоски за една година успеала да направи толку проекти за граѓаните и Македонија што некои не успеале за седум години да направат.
„Јас не би ја замислил Македонија денес без ВМРО-ДПМНЕ. Кога зборуваме за патриотизам денес патриотизмот јас го гледам лично од постапките на претседателот Христијан Мицкоски заедно со Владата предводена од Христијан Мицкоски која за нецела година успеа да направи толку проекти да реализира во Македонија што некои пред нас и за 7 години не успеа да направат“, истакна Мане Јаковлевски од Унија на ветерани на ВМРО-ДПМНЕ на денешната панел дискусија „Идеја што не запира, вредности што носат промени“.
Јаковлевски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ на чело со претседателот Христијан Мицкоски е бранител на националните интереси.
„Владата на ВМРО-ДПМНЕ не само што гради, ВМРО-ДПМНЕ на чело со претседателот Христијан Мицкоски е и бранител на националните интереси. Не би сакал сега да замислам дека ВМРО-ДПМНЕ ја нема во Македонија, тогаш господ знае каде ќе нè однесеа овие пред нас кои седум години ја пљачкаа државата, продаваа национални интереси, променија име, променија име на аеродром и автопати, брусеа шахти по скопските улици, го тргнаа споменикот на „Ќосето“, работеа се само не во интерес на Македонија“, вели Јаковлевски.
Јаковлевски потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ е првиот и најважниот бранител на интересите на Македонија.
„Покрај ова што се прави и се работи сега со проектите во Македонија, jас очекувам во догледно време оваа градба со активности кои ја има Владата да бидат и капислата за обединување на Македонците. Ако ги погледнеме последните локални избори и парламентарни тогаш ќе забележиме дека токму поголемиот дел од народот ни даде поддршка. Кога ќе се завршат овие проекти што веќе се почнати или дел што треба да почнат тогаш македонскиот народ уште повеќе ќе поверува на ВМРО-ДПМНЕ и тоа е за мене сигналот дека ќе почне правото обединување во Македонија“, заклучи Јаковлевски.
Поранешниот директор на ЕСМ, Ламбе Арнаудов кажа дека силниот порив на патриотизам што го има кај членовите на ВМРО-ДПМНЕ ја одржа Македонија до ден денес.
„ВМРО изворното, смело тврдам без никаква задршка, со полна одговорност, дека денеска пресликано во ВМРО-ДПМНЕ, предводено од нашиот лидер Христијан Мицкоски и тимот, претставува најдобрата верзија на ВМРО од неговото основање во 1893 година па се до денес. И што има подобро и поубаво и поголема чест, припадност и едно возвишено чувство да бидеш член на тоа друштво? Да работиме заедно на убавините што и ги носиме на Македонија, да не научи на патриотизам кој долги години го обликуваше до совршенство ВМРО-ДПМНЕ“, истакна Ламбе Арнаудов, ветеран од Унија на ветерани на ВМРО-ДПМНЕ во своето обраќање на панел-дискусијата по повод 35 години од формирањето на најголемата политичка партија во Македонија, ВМРО-ДПМНЕ, под слоганот „Идеја што не запира, вредности што носат промени“.
Арнаудов нагласи дека историски, ВМРО заедно со македонската држава претставува нераскинлива симбиоза, затоа што ВМРО-ДПМНЕ е формирано токму заради тоа, за заштита на македонските интереси и македонската држава. Арнаудов посочи дека најважното коешто го научил од ВМРО-ДПМНЕ е да вложува во исполнување на желбите на македонскиот народ, на својата татковина Македонија.
„Најважното што ме научи ВМРО-ДПМНЕ, амбиентот и атмосферата во ВМРО-ДПМНЕ, сите мои желби што ги имам да ги оставам надвор, туку да имам само една желба, а тоа е да му се исполнат сите желби на македонскиот народ и на мојата татковина Македонија. Историски, ВМРО заедно со македонската држава, тоа е една нераскинлива симбиоза, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ е формирано токму затоа, заради заштита на македонските интереси и македонската држава и сум убеден дека немаше да постои доколку не беше ВМРО-ДПМНЕ. Тој силен порив на патриотизам што го има во членовите на ВМРО и ВМРО-ДПМНЕ ја одржа Македонија и ден денес, а ние ги чувствуваме почитта и љубовта кон татковината“, заклучува Арнаудов.