недела, 14 декември 2025

И за големиот пожар над Батинци има сомневања дека е подметнат (ВИДЕО)

Голем пожар избувна попладнево на отворен простор над скопското село Батинци. Според директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов, огнот зафати ниска трева, грмушки и мешана шума, а поради силниот ветер пожарот брзо се шири.

 

Објавено на

часот

Сподели

На терен се екипи на Бригадата за противпожарната на Скопје (БППЗ), а во гаснењето ќе се приклучат и два пинцгауери на Дирекцијата за заштита и спасување, хеликоптер на МВР, како и два ер трактори на ДЗС кои ќе полетаат нешто подоцна.

На лице место е и директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Мухамед Али. Според првичните информации се работи за намерно подметнат пожар, а тоа го истакна и Ангелов, давајќи изјава за медиумите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ