понеделник, 14 април 2025

И во овие болни мигови, некој успеа да го подели народот, рекоа дел од демонстрантите на денешниот протест во Кочани

Во Паркот на револуцијата во Кочани денеска се одржа закажаниот протестен собир под мотото „Ваш профит – наши животи“.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

Присутните граѓани, меѓу кои имаше роднини и пријатели на починатите во трагичниот пожар, како и на лицата од обезбедувањето во дискотеката Пулс, наместо планираниот марш, останаа на собирното место и им оддадоа почит на сите кои настрадаа. Наместо говор, ипратија писмено известување до јавноста.

„И во овие болни мигови, некој успеа да го подели народот. Јавно демантираме дека закажаниот протестен марш со мото ‘Ваш профит – наши животи’ е марш само за обезбедувањето! Сите ние имаме повредени или загинати роднини и пријатели! Сите мирни собири до сега беа за правда за прерано изгубените животи, за подршка на семејствата на повредените деца и за неправедно приведените членови за обезбедувањето. Револтирани сме сите од овој гнил систем! Стоп за селективна правда“, се наведува во писменото известување.

Организаторите на собирот нагласија дека дополнително, преку социјалните мрежи и со известување до медиумите, ќе информираат дали протестните маршеви ќе продолжат и во нареднте денови.

Голем број граѓани од Кочани вчера учествуваа во протестниот „Марш за ангелите“ што го организираа семејствата на починатите во трагичниот пожар во дискотеката Пулс.

Тие претходно известија дека вчерашниот протест не е за луѓето од обезбедувањето во дискотеката кои се наоѓаат во притвор, а граѓаните кои не го прифаќаат тоа укажување не мора да им се приклучат.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ