„Со оваа Резолуција се става крај на манипулациите на СДСМ за мигрантите и организираната и координирана кампања од страна на опозицијата, која влева несигурност и паника меѓу граѓаните. Лажните сценарија на СДСМ паѓаат во вода, државата има јасна политика против нелегалната миграција, нема мигрантски кампови, има Резолуција која носи стабилност и сигурност“, соопшти партијата.
ВМРО-ДПМНЕ јавно ги осудува политиките и одлуките на поранешната Влада на Зоран Заев, со која беа отворени можности за создавање кампови за мигранти, спротивно на националните и државните интереси.
„Резолуција е составена од 9 точки, и во неа стои дека се осудуваат дезинформациите за наводно прифаќање мигранти и за изградба на кампови, се потврдува дека такви политики не постојат ниту ќе постојат, се поништуваат сите претходни аранжмани на Владата на Заев поврзани со мигрантски кампови и се повикува на одговорен јасен говор, заштита на безбедноста, стабилноста и на меѓуетничките односи. Исто така, се констатира дека свесното ширење дезинформации ќе биде санкционирано согласно важечките закони. Резолуцијата воспоставува јасна државна политика против нелегалната миграција и стапува во сила веднаш“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Паријата ги повикува останатите парламентарни партии да ја поддржат оваа резолуција со која, како што се наведува, се става крај на лагите и конструкциите на СДСМ.






