вторник, 9 декември 2025

И пожарот кај Јасен е изгаснат, нема активни пожари

Утрово беше активен само пожарот во Општина Македонски Брод, кај селата Тажево, близу ЈП Јасен, но тој е изгаснат. Во последното деноноќие имаше вкупно 18 пожари на отворен простор, од кои пет се под контрола и 12 се изгаснати.

Објавено на

часот

Сподели

А утрово со два воздухоплова од МВР и гаснење на терен од пожарникарите, специјалните сили, војници и вработени во ЈП Јасен пожарот е изгаснат. Градоначалникот на Македонски брод ангажираше и една градежна машина што работи на правење на пресеки кон селото Тажево. Дел од пожарот е активен од Тажевскиот Рид кон селото Тажево, но за кратко време се очекува да биде ставен под контрола. Сите други пожари на територијата на Државава се изгаснати. Во моментот нема активни пожари.

Под контрола се пет пожари на отворено, во Општина Долнени, кај селата Гостиражни, Богомила и Небрегово, Општина Штип, Криволак кон село Пенуш и кај селата Селце и Драгоево и во Општина Делчево согорува градска депонија.

Изгаснати се 12 пожари на отворено во Ново Село, Чашка, Прилеп, Свети Николе, Кавадарци, Пласница, Македонски Брод, Старо Нагоричане, Зелениково, Аеродром и Крушево.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ