понеделник, 14 април 2025

И покрај зголемените царини од страна на САД, Мицкоски очекува убава вест за македонската економија

Со нашиот стратешки партнер САД сме во постојана комуникација и со министерството за економија, кое што го предводи Хауард Лутник, кој што е мој личен пријател, и со министерството за финансии, и со Стејт департментот и со кабинетот на претседателот Доналад Трамп, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања по посетата на Општина Тетово.

Објавено на

часот

Сподели

„Со нашиот стратешки партнер САД сме во постојана комуникација и со министерството за економија, кое што го предводи Хауард Лутник, кој што е мој личен пријател, и со министерството за финансии, и со Стејт департментот и со кабинетот на претседателот Доналад Трамп, изјави Мицкоски“, одговарајќи на новинарски прашања по посетата на Општина Тетово.

Ова, посочи Мицкоски, исто така, било една од темите и на средбата на министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски со американскиот државен секретар Марко Рубио во Брисел.

„На дневна основа работат тимови и телефонски се слушаме и разговараме. Очекувам многу скоро, денеска убава вест за македонските граѓани и македонската економија“, изјави Мицкоски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ