сабота, 12 април 2025

И Македонската берза во црвено

И на Македонската берза паднаа вредностите на акциите од 1 до 6 отсто, во зависност од дејноста. По најавите за нови царински давачки од САД, речиси насекаде по светските берзи регистрирани се вакви турбуленции.

Објавено на

часот

Сподели

Во петокот на Македонската берза МБИ 10 падна за 3,79 отсто. Најголем пад од најтргуваните акции имаше Стопанска банка Скопје – за 3,28 отсто, а паднаа и акциите на Комерцијална банка – за 0,37 отсто, Алкалоид – за 0,73 отсто, Макпетрол – за 0,65 проценти, НЛБ Банка – за 0,68, Реплек – за 0,6 отсто… Во петокот пораснаа само акциите на прилепска Витаминка (за 2,7 отсто) и мал раст на акциите на Адинг.

Денеска паднаа акциите на Алкалоид (за 4,45%), на Комерцијална банка (за 5,59 отсто), на Макпетрол (за 5,83 отсто), пад беше регистриран и на акциите на Реплек, Стопанска банка, НЛБ, Макстил..

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ