Груби замина во Приштина викендов, непосредно пред почетокот на полициската акција и претресот во неговиот дом. Подоцна, во објава на својот фејсбук-профил, тој напиша дека е во приватна посета на Косово и дека не е избеган од државата. Откако ќе ги завршел приватните обврски, напиша Груби, тој ќе се врател во Македонија.
Инаку Груби веќе ангажирал адвокат и според неофицијалните информации се обидува да издејствува наместо притвор да му бидат изречени или домашен притвор мерки на претпазливост, по што би се вратил во Македонија.






