недела, 14 декември 2025

И денес блокади во Аеродром, граѓаните бараат проблемот со загадувањето да се реши сега, а не по избори

И покрај преземени мерки за ставање под контрола на пожарите, чадот и смредата од депониите Дрисла и Вардариште, денеска во општина Аеродром продолжија граѓанските протестни маршови. Дополнително денес избувна голем пожар во Трубарево од кој Скопје беше покриено со голем црн облак и густ чад.

Објавено на

часот

Сподели

Зборното место за протести е од локацијата Авионче, а маршот вообичаено и денес беше до Општина Аеродром. Граѓаните го повикуваа министерот за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити да дојде и да каже што презема за да дишеме чист воздух. Тие бараат решавање на проблемот со загадувањето сега, а не по локалните избори.

Блокадите ќе продолжат од понеделник во 7,30 наутро и во 18 часот попладне.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ