„Комплексот Дајмонд оф Скопје, чиј дел е Дајмонд мол, е дел од оваа заедница, дел од Скопје. Како одговорна компанија, ние активно се вклучивме во заедничка акција за подобрување на состојбата со бездомните животни. Навистина ни е драго што нашата иницијатива беше одлично прифатена, а резултатот е потврда за тоа. И во следниот период продолжуваме да градиме мостови за подобар живот“, изјави Куртхан Апајдин, генерален директор на „Лимак Скопје“, компанија во чија сопственост е комплексот.
Најмалку еден килограм храна беше услов за присуство на хуманитарниот концерт кој се одржа на 26 октомври 2025 година. На концертот настапија македонски музички ѕвезди Лозано, Викторија Лоба, Лара и Пајак, како и музичката легенда Драган Мијалковски како специјален гостин. Покрај тоа, од 20 до 26 октомври во Дајмонд мол беше отворена Зона за донации, каде што сите посетители можеа да остават храна и опрема за бездомните животни.
„Задоволни сме што нашиот роденден се претвори во убава хумана приказна, која покажа дека кога луѓето се обединети околу позитивна цел, резултатите се исклучителни. Веруваме дека токму ваквите моменти ја градат културата на одговорност и солидарност, како и дека малите гестови можат да доведат до големи промени“, изјави Селин Октај, директорка на Дајмонд мол.
Во трговскиот центар се организираа и активности за да се поттикне вдомување на кучињата кои чекаат нов дом, а се одржа и креативна работилница за бојадисување куќички за кучиња, на која беа изработени десетте куќички и потоа донирани на „Лајка“.
Преку оваа иницијатива Дајмонд мол обезбеди конкретна поддршка за ЈП „Лајка“, но истовремено успеа да го зголеми бројот на луѓе кои се вклучија да помогнат.
Дајмонд мол продолжува да го развива и својот концепт на современ лајф-центар, но и да поттикнува и поддржува активности од јавен интерес.






