недела, 29 март 2026

Хуманитарен Велигденски саем во организација на македонскиот Каритас

Македонски Каритас, хуманитарно-добротворна организација на Католичката црква во Македонија, и оваа година го организира традиционалниот Хуманитарен Велигденски саем, во пресрет на најголемиот христијански празник – Велигден.

Објавено на

часот

Сподели

Велигденскиот саем под мотото „Поврзани со Христа, одејќи заедно“, ќе се одржи денеска, од 11:30 до 14 часот, а целта е да се поттикне солидарноста и хуманоста во општеството, како и да се обезбеди поддршка за најранливите категории граѓани.

Целиот приход од саемот ќе биде наменет за корисниците на Македонски Каритас – сиромашни семејства, стари и осамени лица, лица со попреченост, хронично болни, самохрани родители, како и бегалци и мигранти.

Посетителите ќе имаат можност да купат рачно изработени велигденски украси, свеќи, предмети од глина, како и домашно подготвена храна, изработени со многу труд и љубов од
корисниците и волонтерите на организацијата.

-Настанот претставува повик до сите граѓани, компании и институции да се вклучат и да дадат свој придонес во градењето на похумано и посолидарно општество, наведуваат од Македонски Каритас.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ