Настанот е од хуманитарен карактер, а сите прибрани донации ќе бидат наменети за Интервентниот женски фонд, кој обезбедува директна поддршка за жени жртви на насилство кои сакаат да ја напуштат насилната средина.
Националната мрежа обединува 25 организации членки и веќе 15 години активно работи на препознавање, превенција и заштита од родово базирано насилство, вклучително и семејно насилство и фемицид, како и на застапување на правата и интересите на жртвите.
Донација за Интервентниот женски фонд може да се оствари преку купување билет за настанот.






