„Во целиот свет, протестите се неминовно загарантирано право за барање на правата на секоја индивидуа, но видливо дека ова право не важи во нашата земја каде живееме и работиме. Нашите протести со години биле тивки со многу жртвувања. Од почетокот нашиот револт не беше насочен кон директорот и неговото раководство. Ние со години се соочуваме со истиот проблем, при менување на раководствата. Секогаш сме одговарале кога сме биле повикани на нивните наредби, сме ги покривале дефицитот во сите оддели, дури и за време на пандемијата“, истакна во име на собраните, Лидија Коруновски, ангажирана во администрацијата на болницата.
Но и покрај сите заложби, велат, тие не го добиле заслуженото, решенија за трајно вработување.
„По првпат собравме сили нашиот глас да се слушне преку медиумите поради неподдржување од компетентните лица на Клиничка болница, колеги, синдикати. Одлучивме да го прекинеме протестот и да се повлечеме тивко и достоинствено како што ни доликува. Но ова повлекување не значи дека ќе прекинеме да ги бараме нашите права на вработувања. Ќе чекаме одговор од болницата, Министерството здравство, како и од Министерството за финансии“, истакна Лидија Коруновски.
Деновиве додека се протестираше од раководството на болницата беше одговорено дека и тие чекаат одлуки од владините министерства за решевање на проблемот со неисплатените плати, нови договори за дело, како и трајно вработување. Во Клиничка болница Тетово проблемот се однесува на околу 140 лица.