петок, 30 мај 2025

Хипербарната комора во кочанската болница ставена во функција за повредените од „Пулс“

Општата болница со проширена дејност – Кочани од денеска ја стави во функција хипербарната комора, што ја доби како донација, а во која соодветна здравствена помош за рехабилитација ќе добиваат повредените од трагичниот пожар во клубот „Пулс“.

Објавено на

часот

Сподели

Со терапијата во комората ќе се овозможи брза и успешна ревитализација на изгорениците, како и санирање на последиците од интоксикација на организмот по вдишувањето на штетните гасови од чадот во пожарот.

„Вкупно 27 повредени во ‘Пулс’ од денеска почнаа со рехабилитација во нашата болница. Заедно со нив медицинска нега за закрепнување од повредите добиваат уште 11 лица. Тие се распределени на одделнијата за неврологија, хирургија и физикална терапија. Здравствената состојба им е стабилна“, информираа од Општа болница – Кочани.

Санирањето на повредите од пожарот ќе трае подолг период, но со користењето на хипербарната комора се очекува времето за рехабилитација значително да се скрати. Според експертите, користењето на комората во период од еден час, заменува престој во планина во период од 7 до 10 дена.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ