Целта на воздушната интервенција била да се овозможат безбеден премин и итна евакуација на загрозените лица, како и повлекување на пожарникарите и другите ангажирани служби на безбеден терен.

Полициски хеликоптер вчера интервенираше во гаснење на пожарот кој беснее во околината на селото Нивичино, општина Василево. Министерството за внатрешни работи соопшти дека поради повторно разгорување на огнената стихија и поради опасноста што ја претставуваше за неколку викендици и за припадниците на теренските екипи, хеликоптерот извршил прецизни налети во близина на патот и на објектите кои биле опколени од пламенот.

часот
Целта на воздушната интервенција била да се овозможат безбеден премин и итна евакуација на загрозените лица, како и повлекување на пожарникарите и другите ангажирани служби на безбеден терен.