вторник, 15 јули 2025

Хеликоптер на Армијата спаси лице паднато во провалија на Шар Планина

Вчера едно лице со помош на хеликоптер на АРМ беше спасено откако паднало во провалија во близина на Ливадичко Езеро, Шар Планина. Лицето имало скршеници на раката, ногата и колкот и имал обилно крварење. Медицинскиот тим на АРМ со помош на хеликоптерот на Армијата интервенирал на непристапниот терен и изврши итна медицинска евакуација.

Објавено на

часот

Сподели

Лицето беше успешно извлечен и имобилизиран. Армијата во координација со ЦУК и здравствените установи го предаде повреденото лице на екипа од итната медицинска помош, по што беше транспортирано на понатамошен болнички третман.

Армијата на Република Северна Македонија, заедно со останатите институции во државата продолжува да дејствува во интерес на граѓаните, обезбедувајќи навремена и професионална поддршка, соопшти Генералштабот на Армијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ