недела, 15 јуни 2025

Хаварија со протекување хемикалии во Пинтија, казна од 45.000 евра за компанијата

Во населбата Пинтија во Кисела Вода денеска, од резервоар на објект на приватна компанија за производство на стиропор изграден во внатрешноста на населеното место, се излеале хемикалии користени во производствениот процес. На местото на настанот се екипи на ТППЕ Скопје за изолирање на инцидентот, а инспекторите од Град Скопје веќе изготвиле записник за хаваријата.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информира Град Скопје, за ваков вид хаварија, покрај паричната казна за сторителот од 45.000 евра, следи и затворање на погонот, како и налог за санирање на штетите предизвикани од инцидентот.

Град Скопје апелира Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) и Општина Кисела Вода, под чија надлежност е објектот да постапат согласно надлежностите.

„Со инспекциски извештај за извршен технички преглед на опрема под притисок, каде со заклучок е нотирано дека на вентилот има знаци на протекување, правното лице ‘Екопор’ не преземало мерки да го спречи настанувањето на хаваријата на која сме сведоци денес. За овој објект, кој е под надлежност на Општина Кисела Вода, апелираме до Општината да постапи во рамки на своите надлежности, како и ресорното Министерство со цел санкционирање на правното лице кое ја предизвика хаваријата“, наведува Град Скопје.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ