недела, 7 декември 2025

Хаким Рамадани по поразот во Брвеница бара работа

Хаким Рамадани, кандидатот за градоначалник на Општина Брвеница од коалицијата Вреди, актуелен директор на Државниот инспекторат за локална самоуправа, преку социјалните мрежи објави дека од денес е без работа и дека бара вработување во приватниот сектор.

Објавено на

часот

Сподели

„Од денес сум невработен. Јас сум дипломиран економист и барам работа само во приватни компании“, напиша Рамадани на социјалните мрежи.

На локалните избори Рамадани не успеа да победи, неговиот противкандидат од ВМРО-ДПМНЕ, Јовица Илиевски, освои повеќе гласови и ќе ја преземе функцијата градоначалник на Брвеница.

Премиерот Христијан Мицкоски претходно најави дека Рамадани ќе биде разрешен и од директорската позиција во Инспекторатот.

Рамадани за време на изборниот процес на средба со иселеници во Хамбург, Германија, рече дека „треба да се знае кој е газда на својата земја“, и дека општините како Кичево, Брвеница, Тетово и секаде каде се мнозинство Албанците, мора да ги води Албанец.

„Со жалење го слушнав сето она што противкандидатот на Јовица Илиевски го кажуваше во една егзалтирана состојба. Не знам дали тоа беше специфичен момент за него, но мислам дека направи голема грешка, пред сѐ за кандидатите од истата онаа коалиција за која тој настапува. Замислете што ќе се случува сега во Струга, во Дебар и во одредени други општини. Толку себичен потег од политичар досега во поновата историја Македонија не видела. Да влегува и мисли само за себе и за својот кусоглед, а притоа да ги занемари сите останати што се борат во вториот круг за градоначалнички мандат, навистина е за жалење“, рече за време на кампањата Мицкоски на средба со граѓаните во Брвеница.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ