недела, 15 јуни 2025

Хајредини: Напуштањето на Таравари на Владата е енигматичнo и сомнителнo

„Никој друг, освен Таравари, не рекол дека Мицкоски е најдобриот премиер досега за Албанците. Познато е само дека за Али Амети, поради амнестијата, најдобар беше Никола Груевски, кого додека беше на власт сакаше да го врати како лидер на ВМРО“, напиша пензинираниот поранешен министер за финансии и редовен коментатор на актуелните случувања на социјалните мрежи Џевдет Хајредини.

Објавено на

часот

Сподели

За излегувањето на Арбен Таравари од владината коалиција Хајредини напиша уште еден пост на фејсбук. Тој не верува дека Таравари ја напушта владината коалиција затоа што некои албански прашања не биле задоволени и дека се враќа кај народот оти тој е негов компас.

„Вистинската причина зошто Таравари го напушти ВЛЕН останува енигматична и сомнителна“, напиша Хајредини.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ