„По речиси измината една деценија која беше исполнета со многу предизвици, резултатите покажаа исклучително успешен период во работењето на банката. Мојата одлука е професионалната кариера да ја продолжам со прифаќање на нови работни предизвици и обврски во Бугарија. Горд сум што денес УНИ банка се препознава како успешна, динамична и модерна банка, лидер во дигитализацијата и сигурноста, а истовремено општествено одговорна институција. Годините поминати во УНИ банка се меѓу најдобрите во мојата професионална кариера. Бев дел од еден врвен тим на банкарски професионалци на кои им посакувам продолжување на започнатата стратегија и остварување на многу одлични резултати во иднина“, вели Владислав Хаџидинев.
„Хаџидинев даде значаен придонес за растот и развојот на банката, за нејзиниот позитивен имиџ и репутација во јавноста, како и одржување на прифатливо ниво на ризик. Му благодариме за досегашниот ангажман и за сето она што го постигна, и му посакуваме успешна кариера и во иднина. Банката во наредниот период ќе објави кој ќе биде наследник на оваа одговорна позиција“, изјавија од УНИ банка.
УНИ банка неколку години по ред остварува исклучителни резултати. И најновиот финансиски извештај за првиот квартал од 2025 година покажува раст на кредитирањето и нивото на депозити, раст на добивката и висока позиционираност во сегментот средни банки. Акциите на оваа банка неколку години по ред се меѓу најпосакуваните на Македонската берза, што е потврда за добрата стратегија и воопшто успешното работење на оваа институција.