среда, 25 март 2026

Хабсбург-Лотринген: Македонија треба итно да се интегрира во Европската Унија

Едуард Хабсбург – Лотринген, унгарски дипломат и висок член на австриското и паневропско кралско семејство, изрази силна поддршка за приемот на Македонија во Европската Унија. Хабсбург до неодамна беше амбасадор на Унгарија во Ватикан, а сега е амбасадор на унгарската влада за семејни и црковни прашања, а воедно е и често присутен во американските конзервативни кругови. Во разговор со МИА на конференцијата CPAC, Едуард Хабсбург упати порака дека Македонија треба итно да се интегрира во Европската Унија.

Објавено на

часот

Сподели

„Не сум во позиција да давам официјални изјави на оваа тема, но можам да кажам дека Унгарија силно го поттикнува приемот на сите држави од Западниот Балкан во Европската Унија што е можно поскоро. Унгарија притиска за интеграција на тој дел од светот, и силно го поддржуваме тоа. Би кажал дека земјите од Западниот Балкан работеа долго и напорно да влезат во Европската Унија и некогаш мислам дека ентузијазмот во Брисел не е толку силен, како што би требало да биде. Исто така и Ватикан, каде што работев десетина години, силно, силно притиска за тоа. Светата Столица е многу посветена на приемот на Балканот“, изјави Хабсбург за МИА.

Најпознатото европско аристократско семејство со децении го вложува своето влијание во Европа кон интеграцијата на источните и јужните европски држави, преку Паневропската Унија, каде Ото фон Хабсбург беше еден од основачите и клучните двигатели.

(МИА)

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ