недела, 13 јули 2025

Груби на Фејсбук ги објави честитките за неговиот роденден

По шестмесечен молк, Артан Груби, кој е во бегство, денеска на Фејсбук ги објави честитките од неговите пријатели и роднини по повод неговиот роденден.

Објавено на

часот

Сподели

Ова е негова прва активност на социјалните мрежи по бегството, како што се претпоставува во Косово или Албанија. Во објавите нема никаква информација за тоа каде се наоѓа или кога ќе се врати.

На 15 декември 2024 година Груби на фејсбук објави дека не е во бегство и се наоѓа во приватна посета во Косово. „Веднаш штом завршам обврските, ќе се вратам дома кај моето семејство“, напиша Груби. Истиот ден полицијата изврши претрес на две негови локации и не го пронајде дома.

Обвинителството побара притвор за Груби и за Перпарим Бајрами, директорот на „Државна лотарија, поради сомнежи за проневера во компанијата. Од Обвинителството рекоа дека oд прибраните докази произлегува основано сомнение дека двајцата соизвршители учествувале во дејствија со кои е направена штета на „Државна лотарија“ со намера да прибават противправна имотна корист за друг.

Кривичниот суд одреди триесетдневен притвор на поранешниот прв вицепемиер Артан Груби и на поранешниот директор на АД „Државна лотарија“.

Јавното обвинителство вечерта на 17 декември 2024 година издаде наредба до МВР за објава на национална потерница, а потоа и распишување меѓународна потерница за Груби и за Бајрами.

Артан Груби заедно со апелацискиот судија Енвер Беџети беа ставени на „црната листа“ на Стејт департментот, објавена на 9 декември 2024, поради вмешаност во значителна корупција, политичко мешање и обиди за оцрнување на судството. Образложението е дека примиле мито да влијаат врз судските процеси поврзани со кривичната пресуда на екс директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков за предметот „Таргет“ што го отвори Специјалното јавно обвинителство(СЈО), а се однесуваше на масовното прислушување.

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски потоа кажа дека е оформен предмет за обезбедување докази за евентуална кривична одговорност за лицата ставени на црната листа на САД.

Груби е член на Демократска унија за интеграција (ДУИ), поранешен пратеник и вицепремиер во претходната влада на СДСМ и ДУИ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ