недела, 7 декември 2025

ГРОМ најавува формирање на комунална и сообраќајна полиција под капата на Град Скопје

Градот Скопје ќе воспостави нов модел на управување со комуналната хигиена и сообраќајниот ред, преку системско пренасочување на ингеренциите и создавање комунална и сообраќајна полиција под капата на Градот, ветува кандидатот за градоначалник на Скопје, Александар Трајановски од ГРОМ од коалицијата „Искуство за успех“.

Објавено на

часот

Сподели

Според Трајановски, комуналната полиција ќе има превентивна улога во спречување на создавање диви депонии, палење отпад и несовесно постапување со ѓубрето.

„Со воведување на строги мониторинг и лиценцирање на сите транспортни возила за градежен шут и кабаст отпад, ќе се обезбеди јасно следење на нивното движење и на местата каде отпадот се одлага. Благодарение на беспилотни летала со термални сензори, ќе се врши рана детекција на чад, оган и загадување, што ќе овозможи брза реакција и заштита на животната средина“, вели Трајановски.

Истовремено, додава тој, сообраќајната полиција ќе премине во надлежност на Градот, со што ќе се постигне поефикасно управување со сообраќајот и инфраструктурата.

„Ако токму Градот и општините се тие што инвестираат милиони евра во изградба и одржување на улици, булевари и сообраќајна сигнализација, тогаш логично е и санкционирањето и средствата од казните да бидат во нивна надлежност. Ова е чекор кон вистинска децентрализација и кон поголема ефикасност во секојдневното управување со градот. Средствата од казните ќе се враќаат таму каде што се трошат, во градот и општините“, вели Трајановски.

Трајановски објаснува дека ваквиот модел може да се реализира на два начини, со воведување идентичен принцип на поделба на средствата од сообраќајните прекршоци, како што важи за даноците и комуналиите, или со целосно завршување на процесот на децентрализација во овој сегмент.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ