петок, 13 јуни 2025

Грипот присутен и на пролет – 50 пријавени случаи минатата недела

Во текот на 19-та недела од 2025 година, од 5 до 11 мај, во Република Македонија се пријавени 50 случаи на групни пријави за заболени од грип – заболувања слични на грипот, за 31,5 проценти помалку во споредба со претходната недела, информираат денеска од Институтот за јавно здравје.

Објавено на

часот

Сподели

Бројот на пријавени лица оваа недела споредено со 19-та недела од минатата сезона е за еден повеќе, а во споредба со бројот за 19-та недела од типичната епидемиска крива – моделирана од последните 14 сезони, зголемен е за 21,4 отсто.

Во сезоната 2024/2025, вкупниот број случаи на грип – заболувања слични на грипот изнесува 26.005, според податоците на Институтот.

Во споредба со истиот период од минатата сезона, бројот на пријавени случаи е зголемен за 72,1 отсто, а во однос на моделот од последните 14 сезони се регистрира зголемување од 24,1 процент.

Во досегашниот тек на сезоната на грип, регистрирани се пет починати лица асоцирани со грип.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ