Во рамките на посетата, таа заедно со претставници на организацијата ја посетила и новата локација на центарот, каде што повеќе од стотина волонтери интензивно работат на подготовките за отворањето. Новиот простор официјално ќе биде отворен во сабота од 18 часот.
Тунберг, која е позната по своите еколошки и хуманитарни заложби, на своите профили на социјалните мрежи повика и на поддршка за протестната блокада што ќе се одржи утре во Дошница. Блокадата е дел од еко-активистички иницијативи насочени кон заштита на природните ресурси во регионот.
Дошница е река во Македонија, а водите на оваа река се користат за производство на електрична енергија во хидроцентралата „Дошница“.
Иако засега нема официјални информации за можни наредни активности на Тунберг во Македонија, во јавноста кружат шпекулации дека таа би можела да присуствува и на настани во Скопје во текот на викендот.
Посетата на Тунберг во Македонија доаѓа по неколку бурни денови на Балканот, во рамки на нејзината активистичка агенда за поддршка на палестинскиот народ. Пред да пристигне во земјава, таа учествуваше на протест во главниот град на Албанија, Тирана, каде што на плоштадот Скендербег се обрати пред насобрани граѓани, повикувајќи на итен прекин на израелската опсада врз Газа.
Само неколку дена пред тоа, Тунберг беше дел од хуманитарна мисија со бродот „Мадлин“, кој се обиде да достави помош за цивилите во Газа. Бродот беше пресретнат од израелските сили во меѓународни води, по што активистката беше депортирана и вратена назад во Европа.






