недела, 14 декември 2025

Грција со два „ер-трактори“ и копнени сили помага во гаснењето на пожарот кај Дојран

Со два противпожарни авиони и две противпожарни возила со осум пожарникари, Грција помага во гаснењето на големиот пожар во селото Николиќ во општина Дојран во близина на границата, јави дописничката на МИА од Атина.

Објавено на

часот

Сподели

Од Министерството за цивилна заштита и климатски кризи на Грција соопштија дека попладнево во 18 часот по локално време двата канадери полетале од Солун, додека копнените сили што беа испратени да помогнат во големиот шумски пожар веќе интервенираат.

Додадоа дека испраќањето копнени и воздушни е по билатерално барање од Центарот за управување со кризи на Македонија до Единствениот координативен центар за операции и управување со кризи на Грција, а грчката Влада веднаш позитивно одговорила на барањето за помош.

Пожарот кај ова се гасне веќе трет ден.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ