среда, 10 декември 2025

Грчките земјоделци пак го блокираа граничниот премин Евзони

Од 17 часот повторно е блокиран сообраќајот на граничниот премин Евзони (ГП Богородица), информира АМСМ.

Објавено на

часот

Сподели

Оттаму посочуваат дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, со умерен интензитет на патните правци надвор од градските средини. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ