четврток, 26 март 2026

Грчкиот амбасадор во Вашигтон побара корекција од Меланија Трамп во врска со името Македонија (ВИДЕО)

Грчката амбасада во Вашингтон изврши дипломатска интервенција за да спречи потенцијален погрешен чекор во говорот на првата дама на САД, Меланија Трамп во врска со именувањето на името Македонија, пишува порталот greekcitytimes.com, а се однесува на вчерашниот настан што го организраше тоа што Меланија Трамп, на кој, на сопругата на македонскиот премиер Христијан Мицкоски, Рози Мицкоска, првично ѝ посака добердојде, велејќи „ја поздравуваме Македонија“, наместо да го употреби уставното име на земјата што по интервенцијата и го стори.

 

Објавено на

часот

Сподели

Како што пишува порталот, повикувајќи се на Стар њуз, се очекувало Меланија Трамп да ѝ се обрати на сопругата на премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски, користејќи ја фразата „ја поздравуваме Македонија“, во присуство на гости од 45 земји.

„Сепак, грчкиот амбасадор во главниот град на САД, Антонис Александридис, бил однапред информиран за говорот и продолжил со потребните дипломатски чекори. Според истите извори, првата дама на САД на крајот ѝ се обратила на соседната земја со нејзиното уставно име, велејќи, ‘ја поздравувам Северна Македонија’“.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ