петок, 12 декември 2025

Граничниот премин Меџитлија затворен за товарни возила, сообраќајот на патиштата се одвива непречено

Граничниот премин Меџитлија кон Грција од 10:30 часот денеска е затворен за сообраќај на товарни моторни возила, информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).

Објавено на

часот

Сподели

Според АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од Автомото сојузот потсетуваат дека од 15 ноември започна законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на временските услови. Оваа обврска ќе трае до 15 март 2026 година.

АМСМ ги предупредува возачите да ја прилагодат брзината, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и да управуваат внимателно, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде постои можност од појава на одрони. Најризични делници се Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ