сабота, 20 декември 2025

Граничниот премин „Блато“ станува мост на поврзување со Албанија, вели Тошковски

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска остварил работна посета на ОВР Дебар при што го посети и Граничниот премин „Блато“ кој се наоѓа во близината на Дебар, соопшти МВР.

Објавено на

часот

Сподели

Министерот Тошковски со раководството на ОВР Дебар бил информиран дека безбедносната состојба во целиот регион е стабилна со значително подобрени резултати во справувањето со насилниот криминал, имотните деликти и унапредување на сообраќајната безбедност.

Како што соопштуваат од МВР, на средбата раководството го информирало министерот дека веќе активно се преземаат оперативни активности во насока на обезбедување мирен, безбеден и демократски изборен процес.

„Што се однесува до Граничниот премин ‘Блато’ евидентиран е значително поголем број на патници од минатата и претходните години. Преминот станува вистинска мост на поврзување за граѓаните кои одат на одмор во соседна Албанија и туристите кои доаѓаат на одмор, бањско лекување, викенд престој, роднинските посети, домашни веселби, како и шопинг. Со тоа, нашата соработка со албанските колеги е насочена кон имплементација на системот One Stop, кој преку дополнителни инфраструктурни решенија ќе обезбеди трајно намалување на гужвите и поефикасен проток на патници и возила како во текот на целата година а посебно за периодите на зголемен туристички сообраќај“, истакнал министерот Тошковски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ