вторник, 23 декември 2025
Локални избори 2025

Граѓанските иницијативи Шанса за Центар-Независни заедно нудат конкретни решенија за проблемите на Центар и Град Скопје

Бучавата од угостителските објекти на улицата „Народен фронт“, оштетувањето на јавната опрема од несовесни луѓе, движењето на скутери и електрични тротинети по пешачките патеки, мешањето на отпадот од кафеаните со комуналниот и неподносливата миризба која се шири од преполните контејнери – се дел од проблемите во населбата Капиштец, за кои денеска разговаравме со многу наши сограѓани, информираат од иницијативите Шанса за Центар- Независни заедно.

Објавено на

часот

Сподели

На средбата присуствуваа кандидатите за градоначалник на Општина Центар, Билјана Ивановска и на Град Скопје, Горан Марковски, носителите на советничките листи за Центар – Јане Димески и за Град Скопје – Јана Белчева Андреевска, како и кандидатите за советници од иницијативите Шанса за Центар- Независни заедно.

Од иницијативите велат дека нудат конкретни и остварливи решенија за горливите проблеми на Центар и за Град Скопје, воопшто.

Изработка на акционен план за мапирање и управување со бучавата, набавка на сензори и инструменти за постојано мерење на нивото на бучава, зголемување на бројот на контејнери за селекција на отпад (пластика, стакло, хартија, органски отпад),
воведување на комунална полиција која во тесна соработка со МВР ќе работи на санкционирање на несовесното однесување и уништувањето на јавниот простор…, се дел од решенијата што ги нудат кандидатите на Шанса за Центар- Независни заедно.

„Со ова сакаме да испратиме јасна порака дека Капиштец – и секое маало во Центар и Скопје – заслужува чист, безбеден и тивок јавен простор, во кој граѓаните ќе можат достоинствено да живеат“, порачуваат од граѓанските иницијативи Шанса за Центар- Независни заедно.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ