Предвидено е од 10 до 15 часот, секој петок да биде отворен ден за граѓаните, кои ќе си закажат средба онлајн. Она што граѓанинот, кој сака да има средба со министерот, треба да го направи е да остави име и презиме, телефонски број и тема за разговор со министерот.
Алиу на новинарско прашање одговори дека нема ограничување за темите, за кои што заинтересираните граѓани ќе сакаат да разговаат со него.
Страницата е достапна на англиски, македонски и албански, а како што беше посочено на денешниот брифинг ќе биде погодна и за лицата со посебни потреби.
„Работиме на тоа да им пружиме што е можно подобра здравствена заштита на сите лица во земјава. Секоја недела ќе одржуваме прес-конференција и ќе информираме за новите настани, а секоја среда ќе имаме брифинг со новинарите и ќе брифираме за тоа на што Министерството за здравство моментално се концентрира“, подвлече министерот.