вторник, 9 декември 2025

Граѓаните и компаниите по основ на даноци и такси должат кон Град Скопје над 36 милиони евра

Граѓаните и компаниите по основ на даноци и такси должат кон Град Скопје над 36 милиони евра, информира денеска градската администрација.

Објавено на

часот

Сподели

Оттаму ги повикуваат сите даночни и такси обврзници кои немаат платено данок на имот, данок на промет, данок на наследство и подарок и комунална такса-фирмарина, да ги подмират обврските во најкраток временски рок.

Увид во долгот и електронска уплата може да се изврши преку електронската платформа на Град Скопје: https://danoci.skopje.gov.mk/gskopje/root/public/login.xhtml.

Од Градот посочуваат и контакт телефони на кои може да се јават граѓаните за повеќе информации.

за данок на имот: 072/204-434 и 02/3207-546 како и е-маил адресите: [email protected], [email protected],

за данок на промет, наследство и подарок: : 02/3297-298 и 02/3297-296 како и е-маил адресата: [email protected], за комунална такса-фирмарина:  02/3297-314 како и е-маил адресата: [email protected], и
за даночно сметководство: 02/3297-298 и 02/3297-296, како  и на е-маил адресата: [email protected].

Уплатата на данокот може да се изврши и на шалтерите на Град Скопје кои работат секој работен ден од 8 до 19 часот и во сабота на 13 декември.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ