Според Ристе Талевски од клубот за подводни активности „Норкач“, волонтери и љубители на природата повторно се обединиле со заедничка цел, зачувување на езерото и неговата природна убавина.
Забележува дека свеста кај населението е на незавидно ниво и оти она што е извадено од езерското дно е разочарувачки. Според него, огромни количини, пластика, стакло, метал, гуми, покуќнина, санитарија и друг несоодветно фрлен материјал бил изваден од езерското дно.
„Охридското Езеро е наше национално богатство, кое бара постојана грижа. Да не дозволиме да го уништиме она што природата го создавала со милениуми. Одговоноста е на сите, да не загадуваме и да ги поддржуваме еко-иницијативи. Да бидеме дел од промените“, рече Талевски.
Во акцијата учествувале над 100 нуркачи и волонтери од земјава и соседна Србија, давајќи свој придонес во создавање почиста и поздрава околина.