понеделник, 8 декември 2025

Градоначалникот на Скопје отпушти од работа 371 вработен во Комунална хигиена

Освен чистењето на ѓубрето на градот, масовната акција која започна вечерва, градоначалникот на Скопје, Орце Ѓоѓиевски започна и со „чистење“ на локалните институциите. Ѓорѓиевски соопшти дека од Јавното претпријатие (ЈП) Комунална хигиена – Скопје се отпуштени 371 работник кои, според утврдените податоци, како што кажа тој, со години примале плата без да се појавуваат на работа. Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити пак изјави дека граѓаните конечно можат да здивнат слободно, затоа што ова е почеток на едно ново поглавје за Скопје. Од пред платото на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ вечерва започна големата акција „72 часа чисто Скопје“. На платото пред спортскиот центар се наоѓаат десетици камиони, цистерни и механизација подготвени за чистење на градот.

Објавено на

часот

Сподели

„Тоа се луѓе кои сите ние, скопјани, ги плаќаме со години наназад, а не оделе на работа, а земале плата или вршеле злоупотреба на својата функција. Во минатото се правеа драми дека се постапува, дека некој се брка, но во суштина се правела само замена. Во овој систем, секој што врши злоупотреби, ќе биде отстранет,“ изјави вечерва Ѓорѓиевски.

Тој додаде дека се спроведува темелна ревизија на јавните претпријатија, при што е утврдено дека над 800 вработени навистина извршувале работни задачи, додека останатите биле фиктивно пријавени.

„Овде имате над 800 работници од јавните претпријатија кои редовно оделе на работа. Но, имате и такви кои со месеци, па и години, земале плата без да се појават. На тоа му дојде крај,“ нагласи градоначалникот.

Тој најави дека активности за расчистување со расчистување со проблемите во институциите што се под надлежност на Град Скопје ќе продолжат и во наредните денови.

„Има една информација која стигна вечерва до мене, а поткрепена со документи и ги повикувам надлежните институции да постапуваат, а тоа е дека биле ангажирани возила изминатиов период за чистење во Комунална хигиена, и тие возила се плаќани на име на физички лица на име на интелектуални услуги, во износ од 5 до 10 илјади евра, така што повикувам да се вклучат институциите надлежни за ова и да ја испитаат работата. Јас најавив дека ќе има одговорност и ревизија и еве вечерва ве информирам дека имаме сериозни индиции за прекршување на законите, особено во Комунална хигиена“, рече Ѓорѓиевски.

Од пред платото на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ вечерва започна големата акција „72 часа чисто Скопје“. На платото пред спортскиот центар се наоѓаат десетици камиони, цистерни и механизација подготвени за чистење на градот.

„Во наредните 72 часа ќе дадеме сè од себе да блесне градот Скопје онака како што практично им ветив на моите сограѓани. Дополнително ќе помогнат и колегите градоначалници од внатрешноста, ќе бидат вклучени цистерни за перење на улиците“, рече Ѓорѓиевски.

Тој на почетокот на акцијата рече дека се мобилизирани сите служби.

Граѓаните конечно можат да здивнат слободно, затоа што започна чистењето на Скопје, изјави градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити.

„Заедно со премиерот Христјан Мицкоски, градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, вечерва сме на терен, покрај екипите на ЈП Комунална хигиена, Паркови и зеленило, јавните претпријатија на градот и компаниите со општествена одговорност, кои го водат овој голем граѓански мобилизирачки процес. Ќе се чистат контејнерите, просторот околу нив, шеталиштата, плоштадите и мини-депониите што се создадоа како резултат на блокадите и неодговорноста што го оставија Скопје прекриено со отпад“, истакна Меџити.

Тој додаде дека вечерва Скопје нема да спие врз ѓубре, туку утре ќе се разбуди со почист, поздрав воздух, со почисти улици и со нов изглед.

„Ова е почеток на едно ново поглавје за Скопје — градот што го преземаме во свои раце за да го исчистиме, да го уредиме и повторно да го направиме гордост за сите негови граѓани“, порача меѓу другото Меџити.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ