„Со ова, се прави чекор напред во унапредување на услугите, при што за првпат се овозможува континуирано перење на главните улици низ општината, нова услуга која досега ја немале граѓаните, а е од особена важност за подобрување на хигиената на јавните простори низ општината“, се наведува во соопштението од општината.
Заедно со претставници на ЈКП „Илинден“, градоначалникот го разгледа новото возило – цистерна за достава на пивка вода, со капацитет од 7 м3. Ова возило ќе се користи за различни намени, вклучувајќи достава на пивка вода, полевање на садници, перење на улици и јавни површини.
„Ова новонабавено возило ќе се користи за подобрување на комуналните услуги и одржување на јавната хигиена. Но, она што е од особена важност е тоа што општина Илинден за првпат добива возило кое ќе може да се користи за интервенирање при гаснење на пожари и жаришта низ сите населени места во нашата општина, со што значително се зголемува безбедноста“, изјави градоначалникот Георгиевски.
Набавката на новото возило е дел од континуираните напори на Општина Илинден за подобрување на инфраструктурата на јавните претпријатија, со што се обезбедува повисок квалитет на услугите за граѓаните и се поттикнува одржливото функционирање на комуналните служби.






