Како што пишува Стефковски, населените места Црешево, Смилковци, Маџари, Железара, Автокоманда и Ченто се оставени без вода за пиење поради недостаток на колични на вода.
„Во услови на екстермно високи температури, ваквата состојба е не само недозволива, туку и срамна. Ги потсетувам Град Скопје и ЈП Водовод и канализација дека не постојат сами за себе, туку за граѓаните. Како градоначалник избран од народот им порачувам: проблемите на граѓаните се и мои проблеми“, напиша Стефковски.
Тој упати апел за итно постапување, интервенција и изнаоѓање решение, а во спротивно најави дека ќе ги поддржи граѓаните во преземањето на сите демократски методи и најави можна организација на протести.
„Институциите кои молчат ќе се соочат со гневот и незадоволството на граѓаните. Нема да дозволам никој да биде оставен без вода во 21 век, во главниот град на Македонија! Ова не е политичко прашање – ова е прашање на живот. Граѓаните заслужуваат почит, а не игноранција“, заклучи Стефковски.






