недела, 14 декември 2025

Градоначалникот на Аеродром утре заедно со граѓаните ќе одат до Вардариште

Дејан Митевски, градоначалникот на Општина Аеродром утрово за првпат излезе заедно со жителите на општината кои повеќе од две недели секојдневно протестираат на улиците на населбата и бараат решение за загадувањето на воздухот. Митевски денеска се договори со жителите утре заедно да одат до депонијата Вардариште и да видат што таму навистина се случува.

Објавено на

часот

Сподели

Градоначалникот изјави дека протестите на граѓаните се сосема оправдани и се извини за неговата претходна изјава дека во организацијата на овие настани инволвирани се и партиски лица.

Тој исто така се извини за сериозните проблеми со загадувањето на воздухот, но нагласи дека тоа не е во негова надлежност. Сепак, додаде Митевски, ќе стори сѐ што е можно за позитивен одговор на барањата на граѓаните. За утре наутро Митевски се договори заедно со претставници на лицата што протестираат да отидат на Вардариште.

Протестоте на жителите на Аеродром и на Ново Лисиче продолжуваат и денеска во 18 часот, а најавени се и протести во Маџари.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ