понеделник, 8 декември 2025

Градоначалникот и пожарникарите-доброволци бараат начин за финансирање на ДПД-Кочани

Градоначалникот Владко Грозданов оствари официјална средба со претставници на Доброволното противпожарно друштво – Кочани, информираат од Општина Кочани.

Објавено на

часот

Сподели

Во присуство на претседателот на општинскиот советот, Александар Андов, на состанокот се разговараше за унапредување на идната соработка, како и за претстојните активности и проекти на ДПД – Кочани.

Посебен акцент беше ставен на прашањето за начинот на финансирање на друштвото, кое претставува значајна поддршка во функционирањето на системот за противпожарна заштита во општината, се наведува во соопштението.

„Градоначалникот Грозданов ја истакна подготвеноста на Општина Кочани за продолжување на соработката и за натамошна поддршка на доброволните пожарникари, со цел подобрување на нивните ресурси и ефикасност во справување со пожари и други интервенции“, велат од Општината.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ