„Благодарам и за поддршката на кандидатите за советници, бидејќи според нашиот аналитички центар во наредниот период ќе имаме мнозинство во Советот на Општина Ресен“, истакна Тозиевски и додаде дека веднаш ќе продолжат со тековните и нови проекти значајни за Преспа.

Виктор Паунов од ВМРО – ДПМНЕ по вторпат ќе биде градоначалник на Општина Карбинци. Тој вечерва прогласи победа, а според првичните информации за него гласале 1.376 граѓани, а кандидатката за градоначалник на СДСМ, Љубица Соколовска освоила 527. Членовите на ВМРО – ДПМНЕ во Општина Карбинци веќе ја слават победат.

Дејан Владев од ВМРО – ДПМНЕ и во наредните четири години ќе менаџира со Општина Свети Николе.
„Убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ. Градоначалник во прв круг. Мнозинство во Советот. Благодарам Свети Николе“, напиша на својот Фејсбук-профил, Владев.






