недела, 5 април 2026

Градоначалниците на Кавадарци и Неготино ги координираат општинските сили на Серта (ФОТО+ВИДЕО)

Пожарот на планината Серта се очекува денеска да се стави под контрола и да се изгаснат конечно големите стихии, истакна кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев, кој заедно со градоначалникот на Неготино, Горан Стојанов, беа на терен во неготинско.

Објавено на

часот

Сподели

„Денеска се работи со четири булдожери, пет багери за отсечување на теренот и локализирање на пожарот кој веќе неколку дена се шири во неготинско. На терен се вклучени и полицијата и АРМ заедно со пожарникари од Неготино и Кавадарци, со седум цистерни кои го гаснат пожарот од земја, а додека ЦУК со АРМ и МВР интервенираат од воздух со три хеликоптери и два авиони“, појасни Јанчев.

Стојанов нагласи дека пожарот на Серта се гасне координирано од воздух и од земја.

„Стотина припадници на АРМ, на Министерството за внатрешни работи, ТППЕ, јавни комунални претпријатија, припадници на Национални шуми, ловџии, волонтери и локално население од утринава масовно се вклучени во гаснењето на пожарот на планината Серта, а поддршка има и од соодветна механизација. Исто така, се дејствува и од воздух со два хеликоптера од воздухопловниот ВИНГ, два  авиона ер трактори, сето тоа во координација и насочен ангажман во гаснењето на пожарот“, додаде Стојанов.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ