Ваквата негова изјава предизвика револт кај сите присутни родители, кои низ плач го нарекоа корумпиран и безмилосен. На ова судијката Диана Груевска Илиевска побара од судската полиција да ги смири родителите и да ги изнесе надвор оние што, како што рече, „прават проблеми“.

На родителите што денес слушаа како им загинале децата им беше кажано дека ако продолжат да коментираат, ќе бидат отстранети од судењето до крајот на целата постапка.
Обвинетиот градежен инспектор по завршувањето на рочиштето бегаше од родителите, кои го прашуваа да не сака да му купат мобилен телефон и извикуваа: „Како не ти е срам, 63 деца починаа“.






