Станува збор за современо возило на водороден погон од најновата генерација, наменето за урбано одржување со нулта емисија на штетни гасови.
,,Купувачот е град кој практично е сосед и урбано поврзан со Барселона и возилото ќе биде испорачано во април. Нашата следна цел е македонските електрични и водородни возила за чистење да ги видиме на улиците и на самата Барселона – туристички центар рангиран меѓу 10-те најпопуларни градови за посета во светот“, велат од Грин Машинс.
Водородни возила произведени во Брако, веќе се користат во Франција, Германија и Холандија, и ги чистат градовите Амстердам, Ротердам, Утрехт, Келн и Тулуз. Водородните возила претставуваат најнапредна форма на технологија со нулта емисија во сегментот на комуналната механизација.
Тие се финансиски значително поголема инвестиција во споредба со стандардните електрични возила и обично ги избираат општини кои стратешки инвестираат во иновации и сакаат да испратат јасна порака дека нивен приоритет се одржливоста, модерниот имиџ и примената на најновите технологии за чиста енергија.






